Две авиокомпании бараат дозвола за извршување на авиосообраќај. Агенцијата за цивилна воздушна пловидба ги разгледува барањата на една авиокомпанија што сака да се занимава со каргопревоз. Второто барање е од згаснатата „Ер лифт“, која очекува обнова на дозволата што истече пред неколку дена. Од „Ер лифт“ информираат дека иако во моментов не летаат со нивните авиони сепак редовно ги опслужуваат линиите со ангажман на други странски авиокомпании. Со оглед на документацијата која е доставена, инспекцискиот надзор, ние ќе пристапиме кон соодветна постапка за издавање или одбивање на барањето, односно оперативната дозвола. Исто така во моментот работиме на сертификација, односно ја обработуваме апликацијата на оваа авиокомпанија со турско-македонски мешовит капитал кој побара дозвола за оперирање со карго летови.
Две авиокомпании бараат дозвола за извршување на авиосообраќај. Агенцијата за цивилна воздушна пловидба ги разгледува барањата на една авиокомпанија што сака да се занимава со каргопревоз.
Второто барање е од згаснатата „Ер лифт“, која очекува обнова на дозволата што истече пред неколку дена.
Од „Ер лифт“ информираат дека иако во моментов не летаат со нивните авиони сепак редовно ги опслужуваат линиите со ангажман на други странски авиокомпании.
„Со оглед на документацијата која е доставена, инспекцискиот надзор, ние ќе пристапиме кон соодветна постапка за издавање или одбивање на барањето, односно оперативната дозвола. Исто така во моментот работиме на сертификација, односно ја обработуваме апликацијата на оваа авиокомпанија со турско-македонски мешовит капитал кој побара дозвола за оперирање со карго летови“, изјави Дејан Мојсовски, Агенција за цивилна воздушна пловидба.